СДСМ: Мицкоски да каже дали патувал со бизнис класа и карта од 4.000 евра
Мицкоски молчи и не одговара на прашањата кои се отворени за неговото патување во Вашингтон, со што ги потврдува сомнежите за негово луксузирање на сметка на граѓаните, велат од СДСМ.
-Наместо да се крие Мицкоски треба да каже дали тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра?
Нека им ја покаже сметката на граѓаните, на оние кои му ја платиле авионската карта.
Во кампањата полна му беше устата за одговорност и транспарентност а сега прави обратно.
Граѓаните гледаат расфрлање со народните пари, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа.
Особено што постојат информации дека и други министри патувале со бизнис класа и скапи карти.
Владата и Мицкоски веднаш да ги објават сметките и трошоците за ова патување затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите. – стои во соопштението на партијата.