СДСМ: Ова е обид за замолчување откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ

„Го осудуваме овој недемократски чин и бараме негово ослободување. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. На чело на СВР Скопје и ЕБР се ново поставени началници од страна на Тошковски, значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на Салиу. Ова е загрозување на слободата и демократијата, на слободата на говорот, директен притисок врз независните новинари врз они кои истражуваат и работаат за јавниот интерес. За 7 години на власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, туку Владата на СДСМ донесе законски решенија со кои се гарантираат заштитата на новинарите , а ДПМНЕ за само два месеци покажа како мисли да ја практикува власта ако ја добие со сила“, рече Дарко Каевски од СДСМ.

„ЗНМ и ССНМ апелираат случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања.Пред малку беше објавена информација на PortaliX, онлјан медиумот во кој Фуркан Салиу е основач и уредник. Уредничкиот тим на медиумот информира дека денешниот акт на специјалната единица против новинарот Салиу е целосно диригиран и претставува обид за притисок врз слободното новинарство што го практикува PortaliX, се вели во соопштението на ЗНМ.

Инаку специјалци доцна попладнево го уапсија новинарот и сопственик на Портал Х, Фуркан Салиу. За настанот објави и видео медиуимот на Албански јазик IN7.TV.

 

 

Салиу е однесен во полициската станица Гази Баба, а беше приведен за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре.

Од Порталот Х информираа дека денешната акција на специјалната единица против новинарот Салиу е целосно насочена и циничен обид за притисок врз слободното новинарство што го практикува нивниот медиум.

Back to top button
Close