СДСМ поднесе интерпелација за Трипуновски – обвинувања за корупција и колапс во земјоделството

СДСМ поднесе интерпелација за работата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, обвинувајќи го за, како што велат, корупција, скандали и штетни политики кои го довеле секторот до колапс.

Пратеникот Љупчо Николовски на прес-конференција изјави дека во изминатите две години земјоделците се соочуваат со намалена поддршка, укинати мерки и притисоци, наместо развојни политики.
„Трипуновски го доведе земјоделството до колапс – од незнаење, неспособност и со закани и притисоци“, рече Николовски.
Според него, намалени се субвенциите за повеќе земјоделски гранки, а дел од програмите и мерките се укинати или суспендирани. Тој посочи дека за првпат со ребаланс бил намален буџетот за земјоделство.






