Се јавил во полиција и се заканил дека ќе ја дигне во воздух куќата на Тито

На годишнината од смртта на Јосип Броз Тито, кој почина на 4 мај 1980 година, полицијата прими дојава од непознато машко лице кое се закани дека ќе ја дигне во воздух куќата на Тито во Кумровец.

Анонимниот повик бил примен околу 10 часот, а човекот бил краток и јасен дека ќе ја уништи куќата на Тито, по што ја спуштил слушалката.

Полицијата излезе на терен и не пронајде никаква експлозивна направа по прегледот на куќата.

Back to top button
Close