„Се дружеле, растеле, и некој им ја прекинал смеата“. Во Белград и Мало Орашје погреби на жртвите

Потресни зборови на ожалостените на погребите во Белград и Мали Орашје

Во тек е погребот на 10 жртви од двата масакра кои во два дена се случија во Белград и кај Младеновац.

Во Белград е погребан К.М. (14) во 11:30 часот на Нови гробишта, Е.К. (14) во 12:00 часот на Централните гробишта и Драган Влаховиќ (51) во 12:00 часот на Лешче. Тие беа убиени во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Голем број граѓани се собраа и пред црквата во Мали Орашје пред погребот на петтемина млади момчиња, соборци кои беа убиени во масакрот што го изврши У.Б. (21).

 Херојскиот отпор на едно од убиените девојчиња во училиштето во Врачар

Е.К. (14), ќерка на одбојкарот и тренер Драган Кобиљски, која загина  „Владислав Рибникар“ беше погребана на Централните белградски гробишта.

Монахот Иларион одржа погребно пофално слово и говор, во кој изјави дека на тој кобен ден ова девојче храбро застанало пред момчето-убиец и така спасило многу деца.

– Денеска ми е исклучително тешко да зборувам. Од оваа мака и болка се молиме Господ да им даде сила на родителите, да продолжат да живеат за Ема. Неслучајно паѓаат најдобрите, за да можеме да продолжиме да живееме поради нивната жртва. Треба да се молиме и за момчето и неговата несреќна душа. Таа застана на патот на злото што беше во тоа несреќно момче и рече: „Зошто го правиш тоа, престани“, и даде време да се спасат некои деца. Кога ќе се сретнеме во другиот свет, ќе и кажеме благодарам што не бранеше и заштити. Исто како Драган, за кого велат дека бил најдобриот човек – гласат неговите зборови.

Back to top button
Close