Се поизвесно е дека холандскиот премиер во заминување Руте ќе биде нов шеф на НАТО

Холандскиот премиер Марк Руте веќе обезбеди две третини од поддршката на земјите од НАТО за да ја предводи алијансата подоцна оваа година

Руте добил поддршка и од претседателот Џо Бајден што веројатно ќе има пресудно значање за кандидатурата на Руте.

„По многу интензивни рунди дискусии меѓу сојузниците, сега сме на моментот кога над 20 сојузници на НАТО се подготвени да го поддржат премиерот Руте како следен генерален секретар“, изјави претставник на НАТО.

Следниот шеф на НАТО ќе биде одобрен со консензус, според правилата на НАТО. Тоа значи дека Руте сепак ќе мора да ги собере сите преостанати гласови. Сега се очекува Руте и неговите дипломати во НАТО да го забрзаат ангажманот со последните преостанати сојузници кои се уште имаат резерва во однос на неговата кандидатура.

Лут противник би можел да биде Виктор Орбан кој постојано беше критикуван од Руте поради анти-ЛГБТ политиките на Будимпешта. Во меѓувреме, Турција, наводно, го повикала Руте да не ги фаворизира земјите членки на ЕУ во НАТО, доколку ја добиеподдршката.

 

Исто така, не е јасно дали балтичките земји ќе го поддржат Руте, со оглед на нивниот првичен план да предложат свој кандидат, како што е естонската премиерка Каја Калас.

Официјален претставник на НАТО рече дека земјите членки не треба да чекаат до самитот на лидерите во јули во Вашингтон за да го поддржат Руте. „Ние би сакале да се реши ова прашање пред самитот“.

Борјан Јовановски

Back to top button
Close