Се преврте автобус кај Ваљево, едно лице загина, 17 се повредени

Едно лице загина, а најмалку 17 се повредени кога минибус утрово се преврте во провалија на патот Ваљево – Бајина Башта, јави дописникот на МИА од Белград.

До превртување на автобусот дошло кога возачот излегол од возилото без да ја крене рачната сопирачка, поради што автобусот се вратил наназад по удолница, а потоа се превртел.

Службите за итна помош, пожарникарите и полицијата се на терен. Истрагата е во тек.

-Седумнаесет лица се повредени и се на лекување во Ургентниот центар. Најголем број од нив имаат повреди на екстремитетите и телото поради превртување на минибусот. Вкупно четиори амбулантни возила ги превезоа повредените, изјави за медиумите д-р Бранка Антиќ, директорка на болницата во Ваљево.

До несреќата дошло кога минибус со 17 патници, главном пензионери од Осечина, кои тргнале на излет во Ваљево, утринава излетал во провалија на патот Ваљево – Бајина башта, на петнаесетина километри од Ваљево, кај браната Ровни, соопштија од од МУП Ваљево.

 

 

Back to top button
Close