Се радувам за Венко ама не и за СДСМ, изјави Деспотовски

Јован Деспотовски во изјава за медиумите вели дека се радува за Венко Филипче но не се радува за СДСМ.

„СДСМ е голема и слободарска партија. Не можеме да збориме за избран претседател на партија кога 10 илјади членови не гласаа, а имаме избран претседател со 9 илјади гласови. Им благодарам на сите кои гласаа, но им благодарам и на оние кои излегоа а не им беше дозволено да гласаат, а такви има многу. Додека не одговориме на две прашања во оваа партија, не мислам дека треба да зборуваме за завршени избори. Зошто на тие 10 илјади членови не им беше дозволено да гласаат и зошто оние кои излегле, биле вратени. За резултатот немам коментар. Како другар се радувам за Венко ама не и за СДСМ. И вечерва зградата е празна и тоа треба да не загрижува“, вели Деспотовски.

Деспотовски најави дека утре ќе поднесе приговори поради забележани изборни нерегуларности.

Back to top button
Close