Трамп: Имав „одлична средба“ со Шји Џјинпинг


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „одлична средба“ со кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Трамп тоа го изјави пред новинарите, одговарајќи на нивните прашања, пред двајцата лидери да се качат на претседателскиот хеликоптер „Марин 1“ во кругот на Белата куќа за кратка обиколка.

Претходно денеска Трамп го пречека Шји во Белата куќа, додека првите дами на САД и Кина имаа одделна програма во Вашингтон. На почетокот на средбата, американскиот лидер истакна дека двајцата ќе разговараат за низа актуелни и чувствителни прашања.

Според кинеската државна агенција Синхуа, за време на разговорот Шји ги повикал САД и Иран што поскоро да ги решат своите разлики преку преговори. Кинескиот лидер, исто така, го повикал Трамп на внимателност и претпазливост во однос на прашањето за Тајван.

Back to top button
Close