Се урна надвозник во изградба во Бангкок, пет лица загинаа

Најмалку пет лица загинаа, а 24 се повредени кога надвозник во изградба се урна во југозападниот дел на Бангкок, соопштија тајландските власти.

Министерот за транспорт Суриа Џунгрунгреангкит изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави дека тие ќе бидат обесштетени од изведувачите на проектот и релевантните агенции. Според него, загинале четворица работници и еден инженер, а среќна околност е што во моментот на несреќата сообраќајот бил затворен, па нема жртви меѓу минувачите.

Командирот на полицијата во Бангкок, Сиам Бунсом, изјави дека истрагата е во тек и дека ќе бидат преземени правни мерки против одговорните лица. Фотографиите од местото на несреќата покажуваат урнати метални и бетонски конструкции што целосно го блокирале патот.

Проектот за изградба на 5-километарската надвозна сообраќајница започна во 2022 година. Безбедноста при градба и на патиштата е сериозен проблем во Тајланд, а токму оваа делница е предмет на контроверзии поради долгото доцнење и честите несреќи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close