Се уште трае обдукцијата на Македонецот кој вчера почина во Хрватска

Телото на македонскиот нуркач кој синоќа е извлечен починат од водите на јадранскотот море се уште е на обдукција во инситутут за судска медицна во Сплит, Хрватска.

Несреќата се случила вчера претпладне откако на македонскиот нуркач му се слошило и останал без свест. Бил извлечен на копно и имало обид за реанимација. Лекарите од Итната помош на островот се обиделе да му помогнат, но македонецот веќе бил починат, по што неговото тело е предадено на обдукција во Сплит каде треба да се утврди причината за смртта.

Несреќата се случила во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач.

Нуркачот е скопјанец на 40- годишна возраст, а со ова хоби се занимавал повеќе од 20 години.

По, обдукцијата се очекува телото да биде транспортирано и предадено на семејството.

Back to top button
Close