Се воведува дезинфекција на сите гранични пунктови во Бугарија со другите земји поради опасност од навлегување на чума кај малите преживари
Од утре ќе биде воведена дезинфекција на сите гранични премини меѓу Бугарија и другите земји поради опасност од навлегување на чума кај малите преживари, изјави за новинарите во Карџали извршниот директор на бугарската агенција за безбедност на храна д-р Светлозар Патарински.