Семејствата на израелските заложници ги повикаа Бајден и Трамп да соработуваат за нивното ослободување
Семејствата на израелските заложници кои беа киднапирани од членови на исламистичкиот Хамас денеска апелираа до американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот новоизбран наследник Доналд Трамп да работат заедно на договор за ослободување на заложниците пред зимата.
Делегација на поранешни заложници и роднини на заложниците денеска ги посети Рим и Ватикан за да се сретне со папата Франциск и локалната еврејска заедница.
На прес-конференција тие рекоа дека договор е итно потребен за враќање на сите заложници кои се уште се држат по нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година во јужен Израел.
Во Газа има 101 заложник, но се знае дека не се сите живи.Семејствата на израелските заложници кои беа киднапирани од членови на исламистичкиот Хамас денеска апелираа до американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот новоизбран наследник Доналд Трамп да работат заедно на договор за ослободување на заложниците пред зимата.
Делегација на поранешни заложници и роднини на заложниците денеска ги посети Рим и Ватикан за да се сретне со папата Франциск и локалната еврејска заедница.
На прес-конференција тие рекоа дека договор е итно потребен за враќање на сите заложници кои се уште се држат по нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година во јужен Израел.
Во Газа има 101 заложник, но се знае дека не се сите живи.