Семејство на жртва во подморницата „Титан“ бара отштета од 50 милиони долари

Семејството на францускиот истражувач Пол-Анри Наргел, кој загина на подморницата Титан, поднесе кривична тужба поради неговата смрт, барајќи повеќе од 50 милиони долари од операторот на подморницата поради „големо невнимание“.

Наргел беше меѓу петте луѓе кои загинаа кога подморницата Титан експлодираше за време на патувањето до познатата локација на потонатиот брод Титаник во северниот дел на Атлантикот во јуни 2023 година.

Никој не го преживеа патувањето со експерименталната подморница во сопственост на компанијата со седиште во Вашингтон „OceanGate“, која оттогаш престана со работа.

Наргел учествувал во 37 нуркања до местото на Титаник, најмногу од сите нуркачи во светот, се вели во тужбата.

Неговите адвокати во соопштение испратено по е-пошта истакнуваат дека подморницата била осудена на пропаст, дека имала проблематична историја и дека „OceanGate“ не успеал да ги открие клучните факти за нејзината издржливост.

Во тужбата се наведува дека иако „OceanGate“ му доделил на Наргел да служи како член на екипажот на бродот, многу детали за недостатоците на бродот биле намерно сокриени.

Портпаролот на „OceanGate“ одби да ја коментира тужбата, која беше поднесена вчера во Кинг Каунти, Вашингтон, пренесува Танјуг

Back to top button
Close