Семејството, роднините и пријателите се збогуваа со Ангелина, 10-та жртва во масакрот во Белград

Ангелина Аќимовиќ е десеттата жртва на Коста Кечмановиќ, кој го изврши масакрот во училиштето во Врачар, по што е сместен во психијатриска установа на опсервација и лекување.

Погребот на Ангелина Аќимовиќ (14), девојче кое учеше во ОУ „Владислав Рибникар“ се одржал денеска на белградските гробишта Лешче.

На 3 мај годинава тринаесетгодишниот Коста Кечмановиќ изврши масакр при што уби девет соученици и чуварот Драган Влаховиќ.

На погребот на малата Ангелина пристигнал и српскиот патријарх Порфириј.

Девојчето 12 дена се бореше за живот, лекарите од Универзитетската детска клиника во Тиршова даваа се од себе да ја остават во живот, но пред два дена таа им подлегна на повредите.

Во меѓувреме, таткото на Коста е уапсен и се наоѓа во притвор.

Во масакрот покрај жртвите беа повредени и тринаесет деца.

Еден од нив Владимир се уште е во болница. Тој има повреди на ‘рбетот и на други органи, но неговиот живот веќе не е во опасност.

Back to top button
Close