Сензорна соба за подобра грижа и развој на оние на кои им е најпотребна

Општествената одговорност и поддршката за најранливите категории е еден од основните принципи на компанијата Зегин. Овој пат Зегин помогна во отворањето на нова сензорна соба за Невладиното здружение “Dua Ylberin ” во Општина Чаир кое е активно веќе 6 години. Брои персонал од 15 професионалци; логопед, дефектолог, социјален работник, психолог, педагог, работи со голем број деца со посебни потреби, како и со деца со типичен и млад развој. Нуди индивидуален третман на деца со нарушување на спектарот на аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа, епилепсија, ADHD, говорни нарушувања, нарушувања во учењето, нарушувања во однесувањето, последици од различни трауми итн.

Третманот се врши со индивидуален распоред според потребата на јазикот на детето (албански, македонски, турски). Индивидуалните и групните терапии кои се користат во “Dua Ylberin” се ABA терапија, TEACCH терапија, SPEECH терапија, психотерапија преку EMI терапија и Гешталт терапија.
Сензорната соба претставува инструмент, алатка во рацете на стручните работници, кои преку соодветна обука можат да одговорат на потребите на децата кои пак, благодарение на сензорната соба, ќе ги развиваат своите сензорни способности.
Затоа, помагањето на проекти од овој тип се од особена важност за правилна и навремена инклузија на дечињата со посебни потреби како рамноправни учесници и градители на едно општество!

Back to top button
Close