Сергеј Станишев сака да се врати на чело на БСП


Поранешниот бугарски премиер и претседател на Бугарската социјалистичка партија Сергеј Станишев за време на Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во Берлин побара да се врати на лидерската позиција во БСП, за партијата да ја направи посилна и фактор што ќе го диктира дневниот ред во земјата, пренесе БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Станишев одбил отворено да се изјасни за својата идна улога во БСП, но пред бугарските новинари нагласил дека БСП треба да го диктира дневниот ред на земјата и да води дијалог со секоја политичка партија.

Тој ги посочи проблемите во БСП, но и неговата визија за развој на левицата. Од неговите зборови беше јасно дека тој останува длабоко посветен на иднината на партијата на која беше лидер со најдолг стаж.

Тој сака БСП и левицата во Бугарија повторно да ги направи големи. Бугарските социјалисти мора да бидат фактор кој ја поставува агендата на земјата. Според него, БСП во моментов е во понижувачка ситуација, а ако БСП е доволно голема и силна и левицата ќе биде силна, со што ќе има простор за сите.

Визијата на Станишев за развој на БСП ги вклучува принципите што ги спроведуваше во 11-те години додека беше лидер на Партијата на европските социјалисти.

Back to top button
Close