Сестринската Европската народна партија со абер до ВМРО ДПМНЕ: Доследно да го користите името „Северна Македонија

Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија , чиј член е и ВМРО-ДПМНЕ, упати јасна порака до раководството на партијата и побара целосно почитување на одредбите од Договорот од Преспа и доследна употреба на името „Северна Македонија“.

„Раководството на ВМРО треба целосно да ги почитува обврзувачките одредби од Договорот од Преспа и доследно да го користи името „Северна Македонија“. Почитувањето на меѓународните договори е основен услов за нас како Европска народна партија. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати тоа“, нагласи Вебер на својот профил на платформата „Икс

Back to top button
Close