Сежурне: Француските трупи би можеле да имаат неборбена улога во Украина

Францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне денеска изјави дека француските трупи би можеле да имаат неборбена улога во Украина, помагајќи во деминирање, кибер одбрана и производство на оружје.

Сежурне им рече на пратениците дека мора да се разгледаат нови акции за поддршка на Западот за Украина.

„Некои од тие акции би можеле да бараат присуство на украинска територија, без преминување на прагот на борба. Ништо не треба да се исклучи“, рече Сежурне.

Тој додаде дека тоа е став и на францускиот претседател Емануел Макрон.

Во понеделникот Макрон не ја отфрли можноста европските нации да испратат војници во Украина.
Изјавата на Макрон предизвика низа одговори од сојузниците кои најавија дека немаат намера да испраќаат војници во Украина.

Back to top button
Close