Шаламанов: Мобилизацијата во Русија е директна закана за националната безбедност на Бугарија

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и поранешен пратеник од „Демократска Бугарија”, Велизар Шаламанов изјави за НОВА дека она што се случува во Русија и делумната воена мобилизација најавена од претседателот Владимир Путин е директна закана за националната безбедност на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Шаламанов смета дека „Бугарија може да очекува зголемена кампања за дезинформации од Русија, како и провокации во рамките на НАТО и ЕУ, затоа што Путин не може да победи во војната во Украина ниту со воени дејства ниту со репресии”.
„Постои директна закана за националниот интерес и безбедноста на Бугарија”, рече Шаламанов и праша зошто ниту Консултативниот совет за национална безбедност при претседателот Румен Радев или Советот за безбедност на премиерот Гулаб Донев сè уште не одржале состаноци на оваа тема.
Треба да се посвети внимание од бугарските специјални служби до руските граѓани во Бугарија, имотот на Русија, како и да се следат паравоените формации, финансирани од Русија, формирани во 1999 година за време на војната во Косово, рече Шаламанов.
Поранешниот бугарски министер за одбрана Тодор Тагарев, исто така, ги критикуваше постапките на бугарските власти дека немаат соодветно однесување во оваа сложена ситуација. Професорот Румен Канчев, кој исто така учествувашед во дебатата, рече дека нема доверба во Бугарија од страна на САД.

Back to top button
Close