Шарл Мишел со порака до Украина: Ќе сториме се што можеме за да обезбедиме Украина да победи во војната против Русија

Шефот на ЕУ, Шарл Мишел, вети дека блокот ќе стори се што може за да обезбеди Украина да победи во војната против Русија.

– Не сте сами. Ние сме со вас. И ќе направи се што е можно за да ве поддржиме и да се увериме дека Украина ќе ја добие војната, нагласи Мишел на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Киев.

Членството во Европската унија е „приоритет“ за Украина, рече претседателот Володимир Зеленски   на заедничката прес-конференција.

-Во однос на нашето идно членство во ЕУ, тоа е приоритет за нашата држава, за силата на нашиот народ, оние кои се подготвени да ја бранат нашата земја од руските напаѓачи дури и без оружје, изјави Зеленски.

Back to top button
Close