Шеќеринска почна со работа во НАТО, ќе биде одлично платена

Радмила Шекеринска денеска ја презеде функцијата заменик генерален секретар на НАТО.

Како поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Северна Македонија, г-ѓа Шекеринска има огромно искуство како креатор на политики и создавач на консензус. Таа е шампион на родовата еднаквост и постојан поборник за силни трансатлантски односи, пишува на сајтот на НАТО за екс македонската вицепремиерка.

Засега нема информации колкава плата ќе земја Шеќеринска за втората најважна функција во Северноатланската алијанса но ако според одредени истражувања шефот на НАТО добива над 220 илјади долари годишна  плата тогаш и платата на заменичката генерална секретарка ќе биде најмалку 7 до 8 пати поголема од таа на македонските функционери.

Back to top button
Close