Шефот на МААЕ гледа напредок во разговорите со Киев и Москва околу нуклеарката „Запорожје“

Постигнат е одреден напредок во разговорите по прашањето за нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина што е под руска контрола, соопшти шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

„Работата продолжува и верувам дека добро напредуваме”, рече Гроси доцна синоќа во врска заложбите на Агенцијата за воспоставување безбедносна зона околу нуклеарниот капацитет, за што се уште не добил согласност ниту до Москва ниту од Киев.

Гроси минатата недела се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, потоа замина и за Санкт Петербург каде разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој вчера повторно допатува во Киев каде разговараше со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Шефот на украинската дипломатија сепак, јасно ставил до знаење дека Киев бара повеќе отколку само прекин на огнот околу нукларната централа како што предлага МААЕ.

„Повторив дека Русија мора да се повлече од централата за да биде осигурана нејзина безбедност, како и веднаш да престанат киндапирањењата и заплашувањата на украинскиот персонал“, соопшти Кулеба преку Твитер.

Поради воени дејствија, нуклеарната централа моментално не работи, а изминатите два дена во дна наврати остана без надворешно напојување со електрична енергија. Инаку, централата мора постојано да биде напојувана со струја неопходна за работа на системите за разладување на реакторите.

Меѓу другото Гроси постојано укажува на ризикот од нуклеарна несреќа, бидејќи централата може најмногу десет дена да биде надвор од електросистемот и да обезбедува струја од сопствени дизел-генератори.

 

 

Back to top button
Close