Шефот на Мосад: Израел дејствуваше од срцето на Техеран, нападите продолжуваат до исполнување на мисијата – пад на режимот

Израелската разузнавачка агенција Мосад дејствуваше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, на церемонијата по повод Денот на сеќавањето на жртвите од Холокаустот.

 

Барнеа истакна дека мисијата на неговата агенција во Иран е далеку од завршена, пишува „Тајмс од Израел“.

 

„На воздухопловните сили и обезбедивме прецизни разузнавачки информации, што овозможија напади врз ракетите што му се закануваа на Израел“, рече Барнеа.

 

„Меѓутоа, нашата мисија не е завршена“, додаде шефот на израелската агенција. „Не очекувавме ни дека ќе заврши со прекин на борбите. Интензивно го планиравме продолжувањето на кампањата за да даде резултати во периодот по нападот во Техеран“.

 

Барнеа рече дека одговорноста на Мосад ќе заврши „само кога ќе се замени овој радикален режим“. „Промената на режимот во Иран е наша мисија“, заклучи тој. „Нема да стоиме настрана и да гледаме додека се соочуваме со уште една егзистенцијална закана“.

Back to top button
Close