Шекеринска во понеделник на средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина
Заменик генералниот секретар на НАТО – Радмила Шекеринска, во понеделник ќе се сретне со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, соопштија денеска од НАТО.
НАТО не објави други детали за средбата на Шекеринска со Соренсен, кој неодамна беше во прва посета на Белград и Приштина, по преземањето на функцијата.
Соренсен оваа недела во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија – Петар Петковиќ.
По средбите со српските власти, тој најави дека ги слушнал нивните ставови за дијалогот и ја истакна важноста на напорите и напредокот во дијалогот.
На почетокот на минатата недела тој беше во тридневна посета на Косово и Метохија.