Шекеринска за европските избори: Во битката со екстремната десница и умерената десница станува поекстремна


Главниот проблем во битката со таа крајна десница е што многу десничарски, но и некои наши поранешни колеги се тркаат на нивен терен, кој ќе биде поекстремен, понегативен во кампањата и ќе манипулира со ставовите на граѓаните. Тоа е поголем проблем од порастот на екстремната десница, рече потпретседателката на Партијата на европски социјалисти, Радмила Шекеринска на поткастот „Европски стандарди, популизам и избори“ со вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Таа додаде дека на европските избори се очекува екстремно десничките партии да освојат околу 25 отсто од гласовите, иако кај нив се забележува разидување и меѓусебни критики.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„Она што е интересно е дека дел од овие партии претходно се дефинираа како евроскептични, а тоа веќе не е така. Ова е најголемиот успех на ЕУ. Дури и најголемите критичиари не настапуваат веќе со анти-ЕУ реторика. Има фрустрација и само 40 отсто до граѓаните сметаат дека ЕУ реални ни нуди членство. Луѓето не се анти-ЕУ, сакаат да се дел од ЕУ, проблемот е што мислат дека тоа е нереално. Но сега е навистина можеби првата ситуација по подолго време кога европјаните се посериозни, а ние изгубивме здив“ рече Шекеринска.

Таа додаде дека ситуацијата е поинаква во Молдавија и Украина, каде што властите и народот е многу поенергетичен за членството во ЕУ и користење на моментот.

Back to top button
Close