Шела Сион-Алтреаз, eдинствената преживеана штипска Еврејка дојде од Израел по повод 80 години од депортацијата

Шела Сион-Алтреаз дојде во родниот Штип од Израел каде живее, за се поклони пред споменикот на депортираните Евреи. Сион-Алтреал е единствената жива Еврејка која сведочи за депортацијата на Евреите во Штип што ја спроведоа бугарските фашисти.

Таа и нејзината сестра успеале да се спасат и да не заминат во логорот на смртта во Треблинка. На нејзините 88 години се саќата на ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година.

-Беше уште ноќе, мајка ми ме будеше. Не сакав да станам, беше прерано. Се облеков, излегов надвор, гледав, не разбирав што се случува, па имав само 7 години – рече таа.

Шела денес живее во Израел, а нејзиното потесно семејство брои над 20 членови. Ниту еден од 541 штипски Евреин не го преживеа логорот во Треблинка.

Споменикот и еврејските гробишта трајно сведочат за некогашната еврејска заедница во Штип. Во нејзина чест штипјани го организираа маршот „Никогаш повеќе“.

-Тие што го сториле злосторството треба да ја сносат одговорноста. Историјата не може да ја променат. Фактите се јасни – рече Пепо Леви од Еврејската заедница

Back to top button
Close