Шестгодишното девојче од Куманово, кое беше пронајдено во Гази Баба, наместо во градски по грешка влегло во автобус за Скопје
Шестгодишното девојче од Куманово, за кое вчера беше пријавено дека се оддалечило од својот дом, а подоцна беше пронајдено во скопска Гази Баба, наместо во градски автобус во Куманово се качило во автобус што сообраќал до Скопје.

За случајот денеска информираа од кумановската полиција.
„Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус што превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус што сообраќал до Скопје, каде што било пронајдено од случаен минувач“,информираа од СВР Куманово.
Мајката на 6-годишното девојче, С.Т. (28), вчера попладне пријавила дека нејзината ќерка се оддалечила од домот.