Шестмина починати, 43 новозаразени со ковид-19

Шест лица починаа, а 43 се новозаболени во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за здравство. Направени се 3.007 тестирања, а регистрираните нови случаи се во Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид по 3, Прилеп, Тетово и Кичево по 2, Гевгелија и Виница по 1.

Регистрирани се 48 оздравени пациенти.

Од починатите двајца се од Скопје (67 и 86) и по едно лице од Битола (79), Куманово (81), Тетово (73) и Велес (66). Две лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Направени се 3.007 тестови преку: ИЈЗ-485, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–15,ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–10, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–43 МАНУ-95, Клиника Жан Митрев – 158, Авицена-267, Биотек-424, Систина-152, лабораторија Лаор-319, Синлаб-23, Ремедика-50, Плодност–37, Генеа–20, Никоб лаб-50, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 624.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68543, Активни 444

Куманово 8835, Активни 108

Прилеп 8306, Активни 57

Тетово 7216, Активни 45

Битола 6295, Активни 51

Велес 5468, Активни 14

Гостивар 5174, Активни 24

Кавадарци 5153, Активни 11

Охрид 5006, Активни 54

Штип 4959, Активни 18

Струмица 4111, Активни 38

Струга 2980, Активни 22

Кочани 2787, Активни 13

Кичево 2567, Активни 44

Гевгелија 2192, Активни 8

Неготино 2183, Активни 7

Свети Николе 1522, Активни 10

Ресен 1234, Активни 9

Крива Паланка 1219, Активни 3

Радовиш 1159, Активни 30

Берово 1029, Активни 2

Делчево 971, Активни 9

Дебар 940, Активни 1

Виница 882, Активни 18

Пробиштип 789, Активни 2

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 2

Крушево 490, Активни 4

Демир Хисар 397, Активни 3

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 374, Активни 10

Македонски Брод 359, Активни 3

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 5

Дојран 132, Активни 0

Back to top button
Close