Шолц го предупреди Путин да не ги признава самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди рускиот претседател Владимир Путин да не ги признае самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск како независни држави, јави ДПА.

Ваквиот чекор би бил во целосна спротивност со мировниот план од Минск, потпишан во 2015 година, изјави денеска портпаролот на Шолц.

-Признавањето на двата региона би претставувало еднострано прекршување на договорот од Минск, нагласи Шолц во денешниот телефонски разговор со Путин, рече портпаролот на германскиот канцелар.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close