Шолц: Не можам да кажам дека Путин сфатил дека згреши што ја почна оваа војна

Рускиот претседател Владимир Путин останува на својот став за војната во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

– За жал, не можам да кажам дека сфатил оти грешка беше да се почне оваа војна, истакна Шолц коментирајќи го телефонскиот разговор со Путин од вторникот со времетраење од час и половина.

Но, тој нагласи дека сепак имало смисла да се разговара со рускиот лидер со цел да се објасни германската гледна точка.

– Цврсто сум убеден дека Русија треба да ја повлече својата војска, за да постојат шанси за мир во регионот. И секој ден помислувам дека тоа е единствениот начин, додаде Шолц.

Станува збор за прв разговор на Шолц со Путин во повеќе од три месеци. Тој сè уште се држи до идејата дека дипломатско решение и целосно повлекување на руската војска мора да биде постигнато што поскоро.

Back to top button
Close