Шолц: Треба да бидеме подготвени за продолжена војна во Украина


Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не очекува војната во Украина наскоро да биде завршена.
За германскиот бизнис дневен весник „Хандесблат“ канцеларот кажа дека Берлин ќе го поддржува Киев се додека тоа биде потребно со пари и оружје.

-Треба да бидеме подготвени за продолжена војна, иако скорешното нејзино завршување за нас е многу посакувано, рече Шолц.

За него од клучна важност за војната е Кина да не ја снабдува Русија со оружје.

Back to top button
Close