Швајцарските пратеници гласаа за овозможување истополови бракови

„Со 132 гласа „за“, 52 против и 13 воздржани, Националниот совет кажа да на вистинската еднаквост”, беше објавено на Твитер од страна на организацијата за човекови права „Пинк крос“, користејќи хаштаг што значи „брак за сите“.

Швајцарија во февруари донесе закон кој ги штити од дискриминација лезбејките, хомосексуалците и бисексуалците.

Истражување на јавносто мислење за „Пинк крос“ во февруари покажа дека повеќе од 80 проценти од Швајцарците поддржуваат истополови бракови.

Во иднина, бракот треба да биде отворен за сите двојки од различен и ист пол, тоа е предлог. Владата го поздравува фактот дека ова ќе ја отстрани денешната нееднаквост, рече министерката за правда Карин Келер-Шутер.

Back to top button
Close