Шведската премиерка отфрли референдум за можно членство во НАТО

 

 Владата на Шведска не планира да одржи референдум доколку Парламентот одлучи да продолжи со барањето за членство во НАТО, изјави премиерката Магдалена Андерсон.

Руската инвазија на Украина ги принуди и Шведска и Финска да ги преиспитаат долгогодишните верувања дека воената неутралност е најдоброто средство за обезбедување национална безбедност, при што се очекува двете земји да донесат одлука во следните неколку недели.

За Андерсон референдумот е „лоша идеја“.

„Не мислам дека тоа е прашање што е погодно за референдум“, изјави таа на прес конференција

„Има многу информации за националната безбедност што се доверливи, така што има важни прашања на еден ваков референдум за кои не може да се разговара и важни факти што не можат да се стават на маса“.

Шведскиот Парламент ќе ја разгледува безбедносната политика со извештај што се очекува во средината на мај.

Back to top button
Close