Сиљановска-Давкова го помилува, полицијата денеска  го приведе – Акиф Равмановски ќе одговара за обид за убиство

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата денеска непосредно по излегувањето од КПУ „Идризово“ – Скопје го приведе Акиф Равмановски, осуденик кој вчера беше помилуван од страна на претседателката Сиљановска-Давкова. Против Равмановски е поведена истрага за ново кривично дело – Убиство.

„За лицето се водеше претходна постапка во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир. Вештачењата за присуство на барутни честички кои беа извршени по наредба на јавниот обвинител ги потврдија првичните сознанија дека сега осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал неколку истрели во правец на оштетениот со умисла да го лиши од живот и му нанел прострелна рана во пределот на ногата. Веднаш по пристигнување на вештиот наод, денеска е донесена Наредба за истрага на осомничениот, а до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор“, информираат од Обвинителство.

Back to top button
Close