Сиљановска Давкова: Соломонско решение е она со одложено дејство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство. За ова, вели таа, разговарала и со бугарскиот претседател Румен Радев, но и со сите други претставници на земји од ЕУ, како и други земји пријатели и поддржувачи, кај кои наишла на разбирање. Оптимист е дека работите може да се придвижат во скоро време и земјава да ги почне преговорите со ЕУ. Претседателката смета за ова решение мора да има општ консензус во државата, за појаки преговарачки позиции.

-Не можам да не кажам дека и покрај инцидентот со знамето и во Софија со бугарскиот претседател Радев имавме плодни разговори меѓутоа повеќе од еден час разговаравме и во Баку. Заклучокот е дека самопочитта раѓа и почит, тоа е мојот прв заклучок. Се разбира дека во разговорите ние секогаш си ги одмеруваме зборовите и овојпат беше така. Соопштенијата се дипломатски, иако нашето беше подипломатско, но јас сакам да ги информирам граѓаните дека од прва рака му го објаснив нашиот став на Радев за кој што има консензус меѓу Владата и мене. Реков дека е најдбро јас да му го соопштам тоа што им го соопштувам и на останатите претставници и ЕУ и останатите земји, наши пријатели… бидејќи тоа е решението за кое мислам дека е многу разумно, добронамерно, решението со одложено дејство, рече претседателката во интервју за Македонската радиотелевизија.

Таа вели дека од Радев немало коментар, но оти таа ја разбира состојбата во Бугарија, неможноста за формирање влада и за институционализирање на дијалогот и меѓу Владите, односно нашето МНР и нивното. Но, како што рече, мисли дека тој ќе се обиде да ги разбере и нашите позиции кои се најдобронамерни и насочени кон ставање крај на вин – луз состојбата и креирање на вин – вин состојба.

-Ние не смееме да го изгубиме легитимитетот, ние не ги мамевме граѓаните. Напротив и нашиот легитимитет извира од нив. Јас сум должна да го бранам националниот интерес, но, не со скандали, не со навреди, туку со почит, рече Сиљановска Давкова додавајќи дека и културната дипломатија дава големи резултати.

На прашањето дали може да се говори за некакви временски рамки за надминување на спорот, со оглед на тоа што и премиерот Христијан Мицкоски по нејзината средба со бугарскиот претседател рекол дека до крајот на годинава ќе може и ние да продолжиме со нашиот процес за евроинтеграции на достинствен начин, македонската претседателка рече дека и таа го очекува истото.

-Очекувам и јас да се случи истото. Очекувањата не ми се фиктивни, тие се темелат на нашите раговори во Њујорк. Јас не сум дипломат, професот бев и внимавам што ќе кажам. Нашето излезно решение, соломонско решение јас го соопштив и во Њујорк во средбите со многу видни политичари. Мислам дека ме разбраа и мислам дека сега е на ред ЕУ, а господинот Радев постојано се повикува на ЕУ и го квалификува проблемот, не како билатерален, туку мултилатарален, дека треба да дојде до крајот на годината. Јас верувам во сериозноста на таквите ветувања. И нашата позиција и мојата позиција ја соопштив и на средбата со белгискиот премиер, но и во средбите со сите останати, особено оние од Вишеградската група и сите оние кои ни помагаат. Од сите нив чув дека, да вие сторивте многу, го сторивте и неможното. Дури и сега нудите компромис, рече Сиљановска Давкова.

Таа очекува, како што рече, сериозните политичари да се држат до зборовите, но исто така и да не заборават дека ЕУ се темели и е единствено решение само доколку не ги заборава сопствените вредности и принципи изразени во уставните документи, во Лисабонскиот договор и во конвенцијата за фундаменталните права.

-Без тоа ЕУ не е она што вели Макрон – филозофија на живот и управување, туку бирократска машинерија која понекогаш ги заборава и сопствените принципи и вредности, ако тоа е курентно или ако се во прашање интересите на земји членки  ЕУ, а тоа ќе го отежне проширувањето. Повторувам дека овој преседан нема да остане само македонска приказна, туку дека тој ќе се прошири и ќе ја загрози реунификацијата на Западниот Банкан, како што го нарекуваат, во ЕУ, рече македонската претседателка.

Таа смета дека за понуденото решение мора да има општ консензус во државата, за да не се случи нешто како она кога минатата власт прифатила договор и француски предлог без вклученост и согласност на тогашната опозиција.

-Вината е во нас. Вината е во отсуството на потрага по консензус кога морало да постои мслам на прифаќањето на преговрачката рамка. Тогаш, да бидам искрена, опоизицијата беше целосно маргинализирана. Јасно ни е дека нашиот претседател, нашиот премиер ја прифатиле преговарачката рамка таква каква што е, меѓутоа суштински тие немале легитимитет да го сторат тоа бидејќи јасно е дека немало консензус. Затоа реков дека еден од најумните потези беше кога премиерот ја отфрли.  Последиците сега ги трпиме оти сите велат вие ја прифативте преговарачката рамка. Не смее оваа власт да го прави истото. Не се оди надвор ако не можете да се повикате на консензус, тогаш сте вие како преговарач послаби. Мислам дека во случајов нешто што предлагаме ние е не само реално, туку дека е и разумно, дека е исто така и логично и дека треба да бидеме конечно разбрани не заради нас, туку заради граѓаните кои се уморни од празни ветувања – уште ова, уште ова…, рече Сиљановска Давкова.

Според неа ни заклучоците ни преговарачката рамка, ниту со најкреативна интерпретација не може да се толкуваат како меѓународни договори.

-Да, ние имаме Договор, во него нема ваква точка. Замислете што ќе се случи ако нашите две комисии во продуцирањето на предлозите и во записниците отворат простор за уште многу вакви креативни дополни на преговарчката рамка, истакна таа.

Додаде дека Комисијата ќе продолжи да работи по промената на составот бидејќи таа е дел од Договорот за добрососедство и пријателство, но смета дека не може да има наука под капа на политиката. Науката, рече, се гради на академии, на меѓународни конференции таму каде што мислата на историчарите е слободна.

Back to top button
Close