Си-Ен-Ен: Израел ги известил САД пред вчерашната операција во Либан, но без детали за тоа што е планирано

Израелските власти ги известиле САД дека ќе извршат операција во Либан во вторник, но не дале никакви детали за тоа што планираат, според три извори запознаени со ова прашање, јави Си-Ен-Ен.

Изворите биле запознаени и со телефонскиот разговор меѓу американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот израелски колега Јоав Галант што се одржал вчера наутро.

Фактот што немало детали за тоа во што би се состоела операцијата значел дека американските функционери ништо не знаеле додека не се појавија извештаи за стотици експлодирани пејџери, велат изворите.

Си-Ен-Ен дознава дека Израел стои зад нападот, кој ги зголеми тензиите во регионот кој веќе е на работ на војна. Според медиумот, тоа било заедничка операција меѓу израелската разузнавачка служба Мосад, и израелската војска.

Либанската влада го осуди нападот како „криминална израелска агресија“.

Back to top button
Close