Силувано девојче во Индија два часа барало помош по улиците, луѓето гневни
Видеото на кое се гледа млада девојка како шета барајќи помош откако била силувана, предизвика гнев во Индија. На видеото се гледа рамнодушноста на граѓаните кога силувано 15-годишно девојче трча по улица и бара помош, но не ја добива. Минувачи го бркаат полуголото и раскрвавено девојче, без да и пружат помош или да повикаат полиција и брза помош.
Поминале два часа пред таа конечно да најде некој да и помогне – хинду свештеник – откако беше силувана во градот Хуиџан од возач кој е уапсен.
-Тоа не можеше да зборува. Очите и беа отечени. И дадов хартија и молив, но таа не можеше да напише ништо, изјави Раул Шарма, човекот кој конечно одговори на молбите за помош на девојчето.
По објавувањето на видеото кое е снимено од безбедносни камери, полицајците добиле наредба да даруваат крв за девојчето, а градоначалникот на областа изјавил дека тие ќе се грижат за неа на секој начин.
-Таа сега е наша ќерка како и ќерка на државата и ќе се погрижиме сторителот да биде најстрого казнет, изјави градоначалникот.