Синоќа средба на Таравари во градоначалничкиот кабинет со лидерите на албанската опозиција

Вчера во просторите на општина Хостивар се одржа средба помеѓу претседарелот на АА, Арбен Таравари и лидерите на албанските опозициски партии Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши, како и со и претставникот на Самоопределување, Беким Чоку, објави весникот Лајм.

Причината за оваа средба се заедничката соработка и политичките активности, а во наредните денови се очекува и официјално формализирање на соработката со Таравари.

“Станува збор за работна средба, на која ќе ги дискутираме соработката, синхронизацијата на заедничката платформата, визиите, агендите, средбите со граѓаните и пошироко”, рече Меџити.

“Дојдени сме на кафе и разговор со градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијансата, на разговор за предизвиците што не очекуваат. Промената е започната. Се очекува формализирање на соработката во наредните денови” изјави Касами за Лајм.

По завршувањето на работниот состанок Таравари изјави дека по средбата со членовите ва претседателството и на собранието на АА добиена е согласност за продолжуванје на разговорите со албанаките опозициски партии и за синхроизација на заедничката платформа. Запрашан дали се уште е во важност понудата за претседателската кандидатура

Таравари изјави дека понудата е се уште активна и ќе се разгледува во наредниот период.

Back to top button
Close