СИРИЗА бара одговори за украинскиот авион Антонов-12 што се урна во Грција

СИРИЗА бара одговори за украинскиот авион Антонов-12 што се урна во Грција

Кој беше вистинскиот товар и „опасен материјал“?; Зошто немаше информирање за товарот на украинскиот Антонов?; Кое беше вистинското потекло и која беше вистинската крајна дестинација на товарот?, се прашањата кои од грчката опозициска партија СИРИЗА ги поставуваат во врска со украинскиот авион што во саботата кусо пред полноќ се урна во близина на Кавала, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека „во моментот кога господинот Мицотакис со негова лична одлука продолжува да испраќа тешко оружје во Украина, инволвирајќи ја Грција во првата линија на војната и додека Интерпол предупредува на опасноста ова оружје да заврши на црниот пазар, се зголемуваат прашањата и нејасните информации за украинскиот авион со 12 тони муниција што падна во нашата земја“.

 

Додаваат дека потребно е веднаш да се дадат јасни одговори, но и дека е „незамисливо Грција да ризикува испраќајќи оружје во Украина, кое веројатно е да заврши на црниот пазар заедно со оружјето од другите земји“.

Украинскиот карго авионот Антонов-12, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш,се урна во саботата еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала, а загинаа сите осум членови на екипажот, државјани на Украина.

Официјална Атина вчера достави демарш до Србија и Украина за недостигот на информации и за потребата грчката страна однапред да била информирана за видот на товарот што го пренесувал авионот.

Back to top button
Close