Сите пратеници кои биле во контакт со Муцунски се негативни на ковид-19

 

Сите тестирани пратеници и вработени во Собранието, кои биле во контакт со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, се негативни.

Тие беа тестирани денеска откако вчера Муцунски објави дека е позитивен на ковид-19.

Од тие причини, денеска беше одложена и амандманската расправа за предлог-буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет, чиј претседател е токму Муцунски.

Откако стигнале негативните резултати, од собраниските служби информираа дека расправата за Буџетот на ова тело ќе продолжи околу 14 часот.

 

Back to top button
Close