Сите сме фикуси

Ѓорге, врати се. Сите сме фикуси. Тоа е пораката на Апелациониот суд откако пресуди условна осуда од шест месеци затвор и пола милион денари за штета, што Здравко Савески и Владимир Куноски ја направиле со кршењето на излогот на претседателската канцеларија на 13 април 2016 што беше предвесник на Шарената револуција. Графитот „Фикус низаеден“ долго време стоеше на ѕидот на канцеларијата во центарот на Скопје, како сведоштво на граѓанскиот протест против криминалите на власта што ги слушнавме во прислушкуваните разговори.

Протестите ексалираа откако претседателот Ѓорге Иванов амнестираше 56 функционери од власта на Груевски и нивни помошници и сведоци за кои СЈО поведе постапки за тежок криминал. Протестите против аболицијата траеја два месеца,

Иванов ја повлече аболицијата, дел од функционерите што претходно беа помилувани се осудени и издржуваат казна затвор, најблиските соработници на Никола Груевски на последните рочишта признаа вина и се извинија на граѓаните за непријатностите што ги чуле во бомбите… Ништо од ова немаше да се случи ако ги немаше тие протести и Шарената револуција.

Да не беа тие протести немаше да се откријат ни криминалите. А ни Груевски немаше да избега во Будимпешта. И сега Апелација во стилот „Сè по закон шефе“, ќе глуми правна држава на Савески и Куноски еден месец пред да им застари делото за кое се судени. Со најскапо платениот џам од излогот и столиците од канцеларијата на Иванов. А за правосилност на пресудите за најкрупните функционери од претседателскиот список на амнестирани ќе почекаме да застарат со враќање на повторно судење по стоти пат.

целата колумна на Горан Михајловски на СДК.мк

Back to top button
Close