Скандал во црногорската армија: Воената полиција фатила издрогирани и пијани војници

Неколку припадници на Војската на Црна Гора биле позитивни на психоактивни супстанци при ненајавени контроли на Воената полиција во повеќе градови.

Како што пишува Дан, некои војници биле позитивни и на алкохол. Од Министерството за одбрана (МО) за „Дан“ потврдиле дека тестовите укажувале на можно присуство на психоактивни супстанци кај неколку помлади членови на колективот.

Во Бар, Даниловград и Голубовци се извршени контроли на воената полиција, каде, како што е наведено, неколку членови на ВЦГ биле позитивни на психоактивни супстанци и/или алкохол. Според неофицијалните информации на „Дан“, седум членови на ВЦГ во Бар биле позитивни на алкохол, а шест војници во единиците во Голубовци и Даниловград биле позитивни на психоактивни супстанци и алкохол.

Back to top button
Close