Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на загинатите во пожарот Кочани
Во Скопје и денеска им се оддава почит за загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Бројни граѓани палат свеќи на плоштадот „Македонија“ во чест на починатите во ужасната трагедија.
_1JfRe0o6o/small.webp?use_watermark=1)
Денеска во Кочани, Штип, Облешево, Скопје се одржуваат погребните церемонии за починатите во пожарот. Погребната церемонија во Кочани, од каде потекнуваат најголем дел од починатите, е во 12 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан.
На 16 март утрината околу 2:35 часот избувна пожар во клубот „Пулс“ во Кочани за време на концерт на групата ДНК. Во пожарот загинаа 59 лица меѓу кои и осум члена на групата ДНК. Меѓу загинатите има шест лица со возраст под 18 години, а највозрасниот загинат има 48 години. Во пожарот беа повредени над 180 лица кои се згрижени во болници во земјава и во странство. Во државава во моментов се лекуваат 72 пациента, а надвор 101, додека три лица веќе се пуштени на домашно лекување.
					





