Скопјани се степале за паркинг

– Г.В. (46) и Р.К. (56), двајцата од Скопје, синоќа физички се пресметале поради претходно недоразбирање за паркинг место.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен во 21:30 часот, а тепачката се случила на паркинг на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Општина Аеродром.

Направени се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Back to top button
Close