Силен земјотрес во Јапонија: Најмалку 50 повредени, илјадници домови без струја
Силен земјотрес од 7,1 степени ја погоди јапонската префектура Кумамото, при што се повредени најмалку 50 лица, а предизвикани се значителни материјални штети.

Според јапонските власти, има прекини на електрична енергија, пожари, оштетени патишта и мостови, како и урнати објекти. Повеќе од 50 повредени се примени во болница, а повредени има и меѓу патниците во брз воз.
Поради земјотресот беа прекинати железничкиот сообраќај и дел од авионските летови, а околу 40.000 домаќинства останаа без струја. Како мерка на претпазливост, компаниите TSMC, Sony и Fujifilm ги евакуираа своите вработени.
Повеќе од 150.000 жители добија препорака да се евакуираат, а иако првично беше издадено предупредување за цунами, тоа подоцна беше повлечено. Од јапонската нуклеарна регулаторна агенција соопштија дека нема неправилности во нуклеарните централи.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека во наредните денови се можни нови силни потреси и свлечишта






