Славевски чекал денеска Арсовска да му го даде предлог буџетот за 2024. Рокот поминал вчера ама и простува оти било недела
Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески, повторно ја прозва скопската градоначалничка Данела Арсовска дека со месеци не доаѓа на седниците за советнички прашања, што создава перцепција за проблеми во функционирањето на Советот.

„Јас сакам на најдобар начин да си ја вршам функцијата, сум сретнал во животот и сум се соочил со многу карактери. Она што може да се види од надвор е дека Советот на Град Скопјe и Град Скопје има проблеми во функционирањето затоа што градоначалникот воопшто не сака да комуницира со Советот на Град Скопје“,изјави Славески во гостување на „Радио Лидер“ утрово.
Вчера, како што посочи претседателот на Советот, бил последниот рок за доставување на предлог-буџетот на Град Скопје за 2024 година. Предлогот, вели тој, сè уште не бил доставен, додавајќи дека ниту една советничка група во Град Скопје не била консултирана во врска со него.
Славески рече дека градоначалничката Арсовска веќе осум месеци не доаѓа на седниците за поставување на советнички прашања, а од друга страна, советниците сакаат таа да биде присутна за да можат директно да ѝ постават прашања од интерес на граѓаните.






