Следните денови ќе бидат објавени јавните повици за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија

 

Во следните денови Владата ќе ги објави јавните повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
– На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои содржината на јавните повици и тендерската документација за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, на постапката за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, како и за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија, информира владината прес-служба.
Јавните повици ќе бидат објавени на веб-страната на Владата на Република Северна Македонија.

Back to top button
Close