Следува најтоплото лето на Балканот – суши, бури и топлотни бранови

Според метеоролошките прогноси, ова лето Балканот ќе доживее рекордно високи температури. Просечните температури се зголемени за два Целзиусови степени што поттикнува суши и бури, а следуваат и многу топлотни бранови кои ќе се појават во јули.
Тогаш, се очекува и минималната температурата на воздухот да го надмине просекот и да достигне околу 19 степени. Од друга страна, максималната може да достигне просек од 30 степени.
Отсуството на дожд ќе продолжи и во август кога минималната температура ќе биде најмалку 18 степени, а максималната 30,2.

Метеоролозите ја нагласуваат сериозноста на ситуацијата и предупредуваат дека Балканот се приближува кон најлошите сценарија на глобалното затоплување.

Доколку не се преземат мерки против стакленички гасови, до 2065 година температурата може да се зголеми за 2 степени Целзиусови и дури 4 степени до крајот на векот.

Истражувачите предвидуваат дека доколку се зголемат температурите на овој начин, Балканот заедно со Австрија, Унгарија, Шпанија, Португалија и Германија ќе станат „ненаселиви пустини“

Можеби зголемувањето за еден или четири степени не звучи толку сериозно, но метеоролозите велат дека тоа е аларматно:

„Кога човек има телесна температура од 36 степени, тоа е во ред, кога температурата е 37, тоа е аларм, а со температура од 38 степени не ви е добро…Кога планетата е за 1 степен потопла, тоа значи дека ќе има поекстремни климатски настани. Затоа сме зафатени од суши, шумски пожари, екстремни врнежи и поплави кои само ќе станат поинтензивни и полоши во иднина. Ќе претрпиме поголема штета и дефинитивно ќе ни биде помалку удобно на планетава“.

Според извештајот на Светската метеоролошка агенција на ОН, повеќе од 75 отсто од мразот на Антарктикот е изгубен во споредба со претходните 10 години, а оваа загрижувачка вест може да ги влоши поекстремните временски услови на Балканот.

Back to top button
Close