СП 2026: Босна и Херцеговина убедливо поразена од Швајцарија

Репрезентацијата на Швајцарија ја постигна првата победа на Мундијалот откако вечерва ја совлада Босна и Херцеговина со 4:1. По изедначеното прво полувреме, во вториот дел головите беа постигнати во последните 15 минути.
Швајцарија првиот гол го постигна во 74.минута кога Јохан Манзамби одлично реагираше на една одбиен топка во противничкиот 16-тник и со волеј удар ја затресе мрежата на противникот. Шест минути подоцна БиХ продолжи со играч помалку откако Тарик Мухамеровиќ доби црвен картон. Во 84.минута и вториот резервист во редовите на Швајцарија Рубен Варгас постигна гол за 2:0, а на 3:0 зголеми Манзамби во 90.минута. Во судиското надополнување на вториот дел (90+3 минута) Ермин Махмиќ го постигна почесниот гол за БиХ, додека конечните 4:1 ги постави Гранит Џака во 90+7 минута.
Во вториот дуел од Б групата во Ванкувер играат Канада и Катар со почеток на полноќ.
Во првиот дуел од денешната програма Чешка и Јужна Африка од А групата одиграа нерешено 1:1, а во 03 часот по полноќ во Гвадалахара играат Мексико и Јужна Кореја.






